EN | МК
1 2 3 4
Јаболка за учениците и за професорите од Ресен Умно решение: Собирање на плодовите од технологијата Првиот брод за мониторирање на водите на Преспанското Езеро ја почна својата мисија Обновувајќи ја надежта за иднината на Преспанското Езеро

Што е ново

Hycos1.jpg

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit, sed do eiusmod tempor incididunt

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit, sed do eiusmod tempor incididunt ut labore et dolore magna aliqua. Ut enim ad minim veniam, quis nostrud exercitation ullamco laboris nisi ut aliquip ex ea commodo consequat.

Sweden-signing28Jun12.jpg

Mekong2Rio-discussion.jpg

Mekong2RioPR.jpg

Соопштение во врска со иницијативата за попишување на бунарите за наводнување во Преспа

Во рамките на Проектот за заштита на Преспанското Езеро во тек е истражување за подземните води во Преспа, кое вклучува попишување на бунарите за наводнување на земјоделските површини. Целта е да се соберат основни податоци за бунарите и промените на нивоата на подземните води, што е основен предуслов во разработката на идни, одржливи решенија за наводнување. Потребата од долгорочно решавање на прашањето на наводнувањето во Преспа е еден од основните предуслови за одржување и понатамошен развој на земјоделското производство, особено во светло на неизвесноста на климатските промени.

Со уништувањето на системот за наводнување во Преспа, земјоделските производители немаа друга алтернатива, освен, самостојно да го решаваат прашањето на наводнувањето, поднесувајќи значителни трошоци. Но, научните и стручните анализи околу водниот биланс на сливот на Преспанското Езеро, како и бројните светски искуства, укажуваат на тоа дека преголемата зависност од подземните води не е одржливо решение. Затоа во рамките на Проектот за заштита на Преспанското Езеро ќе се разгледуваат можни интегрални решенија, на ниво на целото сливно подрачје на езерото. Идејата е да се изнајде оптимално решение кое во предвид ќе ги земе сегашните и проектираните потреби од вода, обезбедувајќи вода при многу пониски трошоци од сегашните (пр. по гравитационен пат, наместо со пумпање од подземјето).

Изработката на овие решенија е можна само доколку се направи прецизна проценка на моменталните потреби од вода, како и состојбата и промените на подземните водни ресурси како значаен извор за наводнување. На тој начин, може да се процени колку од достапните подземни води може одржливо да се користат за наводнување, а кој дел од потребната вода треба да се обезбеди од други извори (пр. мали акумулации, езеро и др.).

Тековното попишување на бунарите во значителна мерка ќе ги обезбеди овие податоци. Со одговарање на прашањата од анкетниот лист, земјоделските производители ќе дадат свој директен придонес во изнаоѓањето на најсоодветните технички решенија, што е од општ интерес за сите.

Сакаме да ги информираме земјоделските производители дека прибраните податоци ќе се користат ИСКЛУЧИВО за потребите на студијата за наводнување и нема да се споделуваат надвор од Проектот за заштита на Преспанското Езеро. Собраните податоци ќе бидат предмет на детална анализа која треба да одговори на следниве клучни прашања: колкав е бројот на бунари за наводнување, каде се тие најмногу сконцентрирани, на кои длабочини обично се поставуваат, колку енергија се троши на годишно ниво за наводнување во Преспа и сл. Притоа, идентитетот на анкетираните производители не претставува дел од анализите и воопшто нема да биде земен во предвид.

Анкетирањето се врши од страна на Здружението на овоштари „Благој А. Котларовски“ и Центарот за заштита и унапредување на животната средина од Ресен. Проектот за заштита на Преспанското Езеро е поддржат од УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка. Општина Ресен дава целосна поддршка на оваа иницијатива.

За сите дополнителни информации ве молиме обратете се на следниве контакти во Здружението на овоштари „Благој А. Котларовски“: 047-­‐454-­‐387 и 071-­‐811-­‐828.

Текст на соопштението во PDF може да се симне тука.

Пребарувај...

Loading

Огласи

Галерија

Корисни линкови