EN | МК
1 2 3 4
Јаболка за учениците и за професорите од Ресен Умно решение: Собирање на плодовите од технологијата Првиот брод за мониторирање на водите на Преспанското Езеро ја почна својата мисија Обновувајќи ја надежта за иднината на Преспанското Езеро

Хидрологија и водни ресурси

Двете меѓусебно поврзани езера, Малото Преспанско и Големото Преспанско Езеро заедно сочинуваат внатрешно планински слив кој што нема природен површински одлив. Дренажа се одвива само преку подземни канали преку кои водата од Големото Преспанско Езеро (приближно 845м н.в.) се одлива на запад, кон Охридското Езеро кое се наоѓа за околу 150м пониско. На неговиот северен брег, Охридското Езеро има природен одлив во реката Црн Дрим во Струга.

Доминантни водотеци во Македонскиот дел од регионот се Источка Река, Голема Река, Брајчинска Река, Кранска Река и Курбинска Река. Според типологијата предложена од WFD, 16 водотеци се идентификувани како водни тела; 13 како реки, една како силно изменето водно тело и две како вештачки водни тела. Преспанското Езеро е обележано како едно прекугранично водно тело. Во регионот на Преспа се идентификувани 6 подземни водни тела.

 

Пребарувај...

Loading

Огласи


Галерија

Корисни линкови