EN | МК
1 2 3 4
Јаболка за учениците и за професорите од Ресен Умно решение: Собирање на плодовите од технологијата Првиот брод за мониторирање на водите на Преспанското Езеро ја почна својата мисија Обновувајќи ја надежта за иднината на Преспанското Езеро

Клима, геологија, хидрогеологија

Специфичните орографски услови кои имаат влијание врз променливите фактори на климата, заедно со географските и локалните фактори, генерираат три различни видови на клима по текот на сливот:

·         Топла и студена суб-медитеранска климатска зона (од 600-900 и од 900-1100 метри надморска височина, соодветно);

·         Суб-планинска и планинска суб-медитеранска климатска зона (од 1100-1300 и од 1300-1650 метри надморска височина, соодветно);

·         Суб-Алпска и Алпска климатска област (од 1650-2250 и над 2250 метри, соодветно).

Просечната годишна температура е релативно ниска, но е погодна за овоштарство , а особено за јаболкови дрва. Специфичната локална топла континентална клима е создадена од релјефот, надморската височина, водната површина на Преспанското Езеро и малото влијание на Медитеранската клима. Земајќи ја во предвид близината до Јадранското и Егејското море би можело да се очекува значително влијание на Медитеранската клима врз Преспанската котлина, но сепак, високите планини кои го опкружуваат регионот придонесуваат климата да има планински својства, кои се донекаде ублажени од Преспанското Езеро како голем резервар на вода.

Преспанскиот регион се карактеризира со сложена тектонска структура од карпи чие формирање е во распон од најстарите pалеозојски формации до најмладите неогенски и кватернерни седиментни карпи. Котлината е опкружена со  Петринска Планина, Галичица, Сува Планина, Иван Планина и Сува Гора. Варовничките карпи се најдоминантен тип во целост, следени од магматските карпи и Грано-Диоритите.

Сиенитите се присутни во области со поголема надморска височина, а тријас карбонатните карпи се исто така присутни во повеќе области. Различни типови на кватернерни седименти, како алувијални, флувио-глацијални, пролувијални, органогено-барски и делувијални седименти доминираат во котлината, особено во речните корита. Како дел од хидрогеолошката покраина на Западна Македонија, Преспанската Котлина се карактеризира со присуство на карпи со различни хидрогеолошки карактеристики и видови на порозност (напукнати, затворени, карстни и карстно напукнати видови на водонепропустлив слој)  како и појава на минерални и термо-минерални подземни води.

Доминантни типови на почви во Преспанската Котлина се алувијалните почви кои се наоѓаат во областите со најниска надморска височина. Еден значаен дел од областа на котлината и ридовите на западната страна главно се користи за земјоделство.  Почвите во планинските региони се доминантно покриени со шумска вегетација, додека субалпските и алпските области содржат само тревна вегетација. На дел од сливот на македонска територија има мали слоеви на мермер, доломит, варовник и тресет. Главните минерални ресурси на западниот дел се варовник и доломит. Песок и чакал се експлоатираат околу сливот на Голема Река при нејзиното влевање во Преспанското езеро.

 

Пребарувај...

Loading

Огласи


Галерија

Корисни линкови