EN | МК
1 2 3 4
Јаболка за учениците и за професорите од Ресен Умно решение: Собирање на плодовите од технологијата Првиот брод за мониторирање на водите на Преспанското Езеро ја почна својата мисија Обновувајќи ја надежта за иднината на Преспанското Езеро

Сливот на Преспанското Езеро е стар повеќе од 5 милиони години – меѓу најстарите слатководни езера во светот. Регионот е дом на повеќе од 2.000 вида на риби, птици, цицачи и растенија. Многу од овие видови се уникатни и многу се во опасност од изумирање ако нивното живеалиште не е заштитено.

Езерото било подложно на многу притисоци во последните 40 години. Овие притисоци имаат многу штетно влијание на здравјето на водата. Еден од овие ефекти е брзиот пораст на биомаса кој ги загрозува ендемските видови. Овој процес се вика еутрофикација. Земјоделските практики, ерозија, нетретиран отпад и отпадни води се главните причини за деградација. Прекумерната употреба на ѓубрива и пестициди и фрлање на земјоделски отпад се особени штетни. УНДП, заедно со Швајцарската агенција за развој и соработка, и Глобалиот Еколошки Фонд, активно го поддржува одржливиот развој на овој ранлив регион скоро 10 години. Постигнати се многу значајни резултати.

  •  Количината на пестициди употребувана од страна на земјоделците се намали за 30 %
  •  Свеста за животната средина кај локалното население се зголеми
  •  Сеопфатни планови се подготвени за управување со сливот
  •  Исцрпни истражувањa ги лоцираa главните проблеми во регионот, и донесоа до развој на одржливи решенија   
 

Пребарувај...

Loading

Огласи


Галерија

Корисни линкови