EN | МК
1 2 3 4
Јаболка за учениците и за професорите од Ресен Умно решение: Собирање на плодовите од технологијата Првиот брод за мониторирање на водите на Преспанското Езеро ја почна својата мисија Обновувајќи ја надежта за иднината на Преспанското Езеро

Интегрирано управување со сливот

Интегрираното управување со сливот (IWM) претставува процес на управување со човечките активности и природните ресурси во сливот. Овој пристап овозможува заштита на важните водни ресурси, и во исто време ги решава критичните прашања како што се сегашните и идните влијанија на брзиот раст и климатските промени. Активностите на луѓето врз земјата, исто така, имаат влијание врз здравјето и одржливостa на природните ресурси и може да се закана за водата која е на располагање. Понатаму, тие одредуваат и колку ефективно можеме да се прилагодиме на влијанието на климатските промени.

Успешното интегрирано управување со сливот бара соработка и вклучување на широк спектар општествени интереси и корисници на водата, меѓу кои и општините, бизнисите, жителите, различни агенции и сопствениците на земјиштето. Дел од овој проект се занимава со зајакнување на капацитетите за управување со сливот преку организациско созревање на локално ниво (воглавно Општина Ресен) и со подобрување на меѓусекторските партиципативни механизми (на пример Советот за управување со сливот на Преспа).

Проектот ја поддржа подготовката на план за управување со Преспанското Езеро во согласност со Законот за заштита на природата. Овој план обезбедува солидна основа за интегрирано управување со езерото и со сливот. И откако Преспанското Езеро е прогласено како споменик на природата со управувачка одговорност доделена на Општина Ресен, овој менаџмент план ќе биде усогласен со менаџмент планот за управување со сливот на Преспанското Езеро за да се обезбеди компатибилност и синергија во спроведувањето. Тоа, исто така, ќе ја зајакне основата за очекуваните реформи и за зајакнувањето на општинската администрација и интегрирање на структурите поддржани од проектот (на пр. LMMS, NCRC и Единица за управување со проектот).

 

Пребарувај...

Loading

Огласи


Галерија

Корисни линкови