EN | МК
1 2 3 4
Јаболка за учениците и за професорите од Ресен Умно решение: Собирање на плодовите од технологијата Првиот брод за мониторирање на водите на Преспанското Езеро ја почна својата мисија Обновувајќи ја надежта за иднината на Преспанското Езеро

Контрола на еутрификацијата

Еутрофикацијата е штетен процес кој вклучува збогатување на водата со хранливи материи (азот и фосфор) и органска материја која го забрзува растот на алгите и на повисоките форми на растенија, а со тоа ја нарушува рамнотежатата на екосистемот.

Еден од главните негативни ефекти на еутрофикација е зголемена распространетост на штетни цутови на алгите. Овие развиваат зголемена биомаса, предизвикувајќи смрт кај рибите и  труење на многу живи содржини како и намалување нa кислородот. Уште сега загрижувачки аноксични слоеви во Преспа се појавуваат во длабочините поголеми од 12 метри, намалувајќи го биодиверзитетот и менувајќи ја основната динамика на екосистемот. Светската Здравствена Организација смета дека овие отровни алги се голем здравствен проблем за луѓето кои ја користат водата за пиење или рекреативни цели. Еутрификацијата, со други зборови, е прогресивна болест на езерото со прогнози опасни по живот.

Поконкретно, еутрификацијата се случува во водните екосистеми, кога големи концентрации на хранливи материи стимулираат цветање на алгите, што резултира со смрт на растението и распаѓање. Бактериите кои се вклучени во процесот на распаѓање користат кислород, предизвикувајќи негово намалување што може да влијае на другите организми кои живеат во вода. Иако еутрофикација е природен процес, човековите активности во голема мера може да ја забрзаат еутрофикација преку зголемување на стапката на хранливи и органски материи кои влегуваат во водните екосистеми од околните подрачја. Земјоделскиот отпад, градскиот отпад, протокот низ септичките системи, канализационите празнења и еродираните речни корита може да го зголемат протокот на хранливи и органски материи во водните системи.

Во принцип, причина за еутрификацијата се хранливите материи и органските внесови кои потекнуваат од земјоделскиот отпад, ерозивните процеси во сливот и транспортот на талог, отпадни  води и цврст отпад. Само со контрола на овие внесови предизвикани од човекот и активно менаџирање со езерото преку вадење на прекумерната органска материја, неговото здравје  може да се подобри и неговата еластичност да се зголеми.

Сеопфатните истраги за еколошката состојба на Преспанското Езеро кои неодамна беа спроведени во рамките на УНДП / ГЕФ Преспа проектот во голема мера помогнаа во разбирање и квантифицирање на предизвиците на животната средина и основните причини за нив. Еден од најголемите проблеми со кој моментално се соочува целиот екосистем е еутрификацијата предизвикана од хранливи материи и органски внесови кои потекнуваат од земјоделскиот отпад, ерозивните процеси во сливот, отпадните води и цврстиот отпад.

За решавање на овие штетни процеси, УНДП започна нов проект со финансиска поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка, кој ќе воведе сет на сеопфатни мерки за значително подобрување на општата здравствена состојба на езерото, ќе ја зајакне неговата еластичност, и ќе обезбеди долгорочна контрола на еутрофикационите процеси.

Врз основа на првиот план за управување со сливот на Преспанското Езеро, подготвен во согласност со Рамковната директива за водите на ЕУ, овој проект бара широка и интердисциплинарна база на информации и прилагодлив пристап кон донесување одлуки. Затоа постои потреба да се развие сеопфатна база на податоци за квалитетотот на водата и трофичниот статус на екосистемот на Преспанското Езеро и да се развие и примени модел за езерото и сливот за да се оценат опциите за имплементација и нивниот потенцијал за подобрување на квалитетот на водата и еколошкото здравје на езерото.

Моделот ќе овозможи симулација на еутрофикација во езерото врз основа на проектираните внесови на хранливи материи и прогнозираните метеоролошки услови, обезбедувајќи солидна основа за активни мерки за управување во самото езеро, но исто така и во опсег на сливот.

Работата под оваа активност ќе открие, исто така, нови механизми за финансирање за да се осигури одржливоста на системот за управување со сливот и напорите за реставрација на езерото, на пример преку примена на иновативни економски методи на вреднување и плаќања за услуги на екосистемот (ПЕС). Можностите за воспоставување на "Фонд на Преспанското Езеро“, ќе бидат исто така истражени. Овие економски методи, исто така ќе се користат за споредување на изводливоста на различните опции за контрола на еутрофикацијта. Во прилог на неговата важност за Преспанското Езеро, оваа работа треба да воспостави модел за интегрирано управување и реставрација на еутрофичните водни тела, не само во земјата туку и во поширокиот регион.

 

Пребарувај...

Loading

Огласи


Галерија

Корисни линкови