EN | МК
1 2 3 4
Јаболка за учениците и за професорите од Ресен Умно решение: Собирање на плодовите од технологијата Првиот брод за мониторирање на водите на Преспанското Езеро ја почна својата мисија Обновувајќи ја надежта за иднината на Преспанското Езеро

Контрола на ерозијата и одржливо шумарство

Проектот ќе спроведе низа мерки за контрола на ерозијата и талогот со подобрување на шумската покривка и регулирање на главните потоци во сливот.

Паралелно со проучувањето на процесите на еутрофикација во езерото, ќе се врши и студија за ерозијата и транспортот на талогот во сливот. Квантификацијата на стапките на талог и придружниот товар од хранливи материи (особено фосфор којшто природно се наоѓа во значителни концентрации во најгорниот слој на почвата) во однос на другите извори на внесови ќе обезбеди основа за проектирање на соодветни контролни мерки, кои ќе бидat особено корисни во намалувањето на натрупаниот талог во притоките и езерото за време на поплави, и во регулирањето на хидролошки процеси во сливот.

Регенерацијата на шумите не само што ќе помогне да се намали ерозијата, туку подобрувањето на здравјето на шумскиот eкосистем ќе донесе и значителни дополнителни користи: обезбедување на вредни живеалишта за поддршка на биодиверзитетот на регионот, зголемување на можностите за производство на дрвена граѓа и врзување на јаглерод диоксидот, како и да помогне да се подобри хидролошкиот режим на сливот.

Релевантните власти за стопанисување со шумите – Јавното Шумско Претпријатие – ќе бидат обезбедени со развојни капацитети за помош по однос на организационото планирање на екосистемот (посебен фокус ќе биде ставен на контролните функции по однос на ерозијата), зголемувајќи ја продуктивноста на постоечките расадници (да се обезбеди доволен број на садници од автохтони видови дрвја кои ќе се користат за идни пошумувања), и примена на одржливи техники на сечење.

 

Пребарувај...

Loading

Огласи


Галерија

Корисни линкови