EN | МК
1 2 3 4
Јаболка за учениците и за професорите од Ресен Умно решение: Собирање на плодовите од технологијата Првиот брод за мониторирање на водите на Преспанското Езеро ја почна својата мисија Обновувајќи ја надежта за иднината на Преспанското Езеро

Обнова на мочуриштето

Мочурливата област во Езерани е природен екосистем кој се наоѓа по должината на северниот дел од брегот на Преспанското Езеро. Еколошката вредност и богатата биолошка разновидност на Езерани и даде на оваа област посебно значење за науката и истражувањето. Езерани е ставен на листата на најважните орнитолошки локалитети во Европа (Важни области со птици). Во 1995 година, беше ставена на Рамсарската листа на мочуришта од меѓународно значење, заедно со целата територија на македонскиот дел од Преспанското Езеро. И во 1996 година, со воведувањето на националниот Закон за природата, Езерани беше прогласена за строг природен резерват (IUCN I).

Креирано од Голема Река, најголемата и моментално најдеградирана притока на езерото, мочуриштето Езерени игра важна функција на филтрирање, помагајќи да се ублажат притисоците на луѓето по течението на реката. Сепак, комбинираното влијание на природните и човечките фактори-како во глобалните климатски промени има особено сурово влијание на мочурливата област Езерани. Промените во Источка Река, деградираната притока долж течението, ги зголемија овие притисоци.

Физибилити студијата и последователниот план за управување со заштитеното подрачје предвидува значајни активности за да се осигура обнова/создавање на мочуриштето. Една од овие предложени активности е да се обнови  делтата на реката и да се променат голем број на напуштени рибници во изведени мочуриштата. Ова ќе бара изградба на соодветни хидраулични структура (и), на пример, доводна структура која ќе ги пренасочи поплавените текови на Голема Река за да ја надополнува водата од рибниците. Понатаму, еден од рибниците може да се користи за надградба на постоечката општинска пречистителна технологија за повисокото / напредно ниво на третман (отстранување на хранливите материи). Истиот рибник може да послужи како единица за третман на отпадни води за време на влажни периоди кога вишокот на отпадни води ја заобиколува пречистителна станица (WWTP).

Возобновените и новосоздадените мочуришта се очекува да обезбедат: а) задржување на водата на Голема Река, овозможувајќи им на мочуриштата да gi забават и филтрираат приливите од сливот; б) терциален третман за отпадни води од општинските WWTP ; в) функција на контрола на поплави; г) задржување / стабилизација на нетретирани отпадни води во случај на високо ниво хидраулични товари или WWTP дефект; и, д) дополнителни бенефиции поврзани со сливот (живеалишта за флора и фауна, рекреативни и естетски вредности, создавање на биомаса).

 

Пребарувај...

Loading

Огласи


Галерија

Корисни линкови