EN | МК
1 2 3 4
Јаболка за учениците и за професорите од Ресен Умно решение: Собирање на плодовите од технологијата Првиот брод за мониторирање на водите на Преспанското Езеро ја почна својата мисија Обновувајќи ја надежта за иднината на Преспанското Езеро

Многу мерки се превземени во минатите декади за обновување на ранливиот екосистем на Преспанското Езеро. Сепак ефикасноста на овие мерки може единствено да биде оценета преку постојано мониторирање на состојбите на водите. За таа цел брод за мониторинг беше купен неодамна и  пуштен во водите да ги собере првите примероци од езерото. Тие примероци сега ќе се собираат и анализираат за да се провери присуството на различни супсатанци кои влијаат на здравјето на езерскиот екосистем.

 На официјалниот старт на пловидбата на бродот присуствуваа министерот за екологија Абдилаќим Адеми заедно со швајцарскиот амбасадор Стефано Лазарото, вршителот на дејноста претставник на УНДП, Алесандро Фракасети и градоначалнокот на Ресен, Ѓоко Стрезовски. Заедно со експертите од охридскиот Хидробиолошки завод, кои го помагаат воведувањето на системот за мониторинг, гостите се качија на новиот брод на неговото прво патување за собирање на примероци.

,,Ова е еден од најважните чекори преземени досега насочени кон спроведување на целосно и постојано мониторирање на езерото Преспа ” рече министерот Адеми, додавајки дека набљудувањето на водените површини низ целата земја е еден од најважните приоритети на министерството, бидејки ,, одржливо управување е единствено можно преку постојано набљудување на промените”.

Швајцарскиот амбасадор Стефано Лазарото нагласи дека проектот за обновување и заштита на езерто Преспа вреден 6,3 милиони швајцарски франци, многу ќе го подобри квалитетот на водата. ,,Еден од предизвиците за сите нас вклучени во проектот е да ја процениме ефикасноста на мерките кои веќе се спроведени ” објасни амбасадорот  Лазарото, ,,а бродот за мониторинг е одговорот на тие дилеми ”. Амбасадорот ја изрази својата и определбата на неговата земја за овој проект. ,,Ова прастаро езеро и планините кои го опкружуваат ме потсетуваат на многу пејсажи во Швајцарија, рече тој додавајќи дека е среќен што швајцарската влада ги подржува напорите за обновување на екосистемот на Преспанското Езеро.

Вршителот на дејноста претставник на УНДП Алесандро Фракасети го оцени проектот како ,, еден од најдобрите примери на ангажираност на УНДП во земјата, дизајниран со користење на најдобрите меѓународни искуства за подржување на одржлив развој од корист на луѓето и природата. Што е уште поважно, проектот стана одличен модел за многу други региони во земјата и надвор од неа”.

Градоначалнокот на Ресен, Ѓоко Стрезовски го изрази  своето задоволство и гордост од фактот што неговата администрација сега се подготвува да ја преземе одговорноста за здравјето на езерото и во иднина. ,,Нашите напори тука ќе бидат од корист и за соседите во Албанија и во Грција со кои го делиме езерото, ’’ истакна градоачалникот.

Селото Стење наскоро ќе стане седиште на првата воопшто набљудувачка и управувачка станица на Преспанското Езеро. Новиот брод ќе биде една од најважните алатки за идното набљудување на езерото. На неговото прво патување капетан му беше Зоран Спирковски од охридскиот Хидробиолошки завод, кој го поздрави воведувањето на системот за мониторирање додавајки дека ,,обновувањето на Преспанското Езеро и подобрувањето на квалитетот на неговите води ќе придонесе и за заштитата на Охридското Езеро". 

 

Пребарувај...

Loading

Огласи


Галерија

Корисни линкови