EN | МК
1 2 3 4
Јаболка за учениците и за професорите од Ресен Умно решение: Собирање на плодовите од технологијата Првиот брод за мониторирање на водите на Преспанското Езеро ја почна својата мисија Обновувајќи ја надежта за иднината на Преспанското Езеро

Средношколците од Ресен наскоро ќе бидат вклучени во остварувањето на иницијативата за промовирање на еколошко одговорно земјоделство и заштита на ранливиот биодиверзитет на регионот.

Училиштето од неодамна е вклучено во тесна соработка со интересен и нов проект, подржан од УНДП, за развој на овоштарник со јаболка на нивно сопствено земјиште. Учениците од класовите за земјоделие ќе се здобијат со многу практично искуство бидејки договорот со училиштето е тие да обезбедат луѓе и опрема за одружување на овој показен овоштарник.

Овој проект е дизајниран како дел од пошироката заложба на УНДП за подршка на ранливата природна средина на преспанскиот регион. Како резултат на оваа заложба досега дојдоа бројни иницијативи, вклучувајки и сеопфатен сет на мерки за подобрување на здравјето на водите преку неодамна започнатиот Проект за заштита на екосистемот на Преспанското езеро.

Овој голем потфат е насочен кон намалување на притисокот врз преспанскот слив кој доаѓа од земјоделието, шумарството, загадените реки, отпадните води и цврстиот отпад. Еден од главните приоритети на проектот е да обезбеди обука и да ја зголеми свеста на земјоделците за еколошки одржливо земјоделие. Показниот овоштарник кај Ресен е една од мерките за задоволување на тие потреби.

,,Со развојот на овој овоштарник како пилот проект ние пред се и над се ги подржуваме добрите земјоделски практики во регионот’’ , вели Димитрија Сековски, проект менаџер во УНДП. ,, Повеќе еколошки прифтливо земјоделство ќе значи помалку пестициди зад земјоделците, помалку фрлање на биоразградлив отпад, помала ерозија и поодговорно користење на водата и на другите локални ресурси. Овоштарникот не само што ќе ги покажува предностите на добрите земјоделски практики, туку и натаму ќе биде подржуван со програми за мали грантови за да им помогне на земјоделците да ги сменат неодржливите традиционални земјоделски практики’’.

Науме Тосковски, директорот на ресенската гимназија, верува дека показниот овоштарник ќе има големо влијание на свеста за земјоделските методи. ,,Една од најважните работи што ќе ги правиме тука е да ги покажеме подобрите начини на одгледување овошје. А начинот на кој што ќе го правиме тоа е многу важен за земјоделците, затоа што нема само да им кажуваме, туку и ќе им покажуваме. Со примена на традиционалните методи покрај новите методи земјоделците ќе можат да дојдат и самите да се уверат во предностите од применување на поеколошки начини. Јас сум многу возбуден што сум вклучен во овој проект и мислам дека тоа е фантастична шанса за учење на нашите ученици’’.

Важна дополителна цел на овоштарникот е да го помогне одржувањето на агро-диверзитетот на Преспа со повторно воведување на различни овошја кои биле одгледувани тука, но веќе не се во комерцијално производство.

,,Луѓето во овој регион одгледуваат овошје веќе подолго од еден век’’, вели училишниот агроном Симе Кукуловски. ,,Во минатото имаше повеќе од сто различни типови на јаболка и околу шеесет различни типови на праски кои беа одгледувани. Сега се произведуваат само десет различни сорти. Треба да ги вратиме старите сорти во производство оти може да се случи засекогаш да ги изгубиме ’’.

Обновувањето на традиционалните овошја е многу важно, вели Марјан Кипријановски, професор на Земјоделскиот Факултет во Скопје. ,,Без таква интервенција постои ризик од неповратна загуба на автохтоните сорти како генетски извор. Со такви мерки исто така ќе се справиме со преголемата употреба на хемикалии кои се употребуваат во произведувањето на некои сорти на овошје воведени во последниве децении’’.

Учениците од гимназијата   во потполност го делат ентузијазмот на нивниот директор за овој проект. ,,Имањето на показен овоштарник ќе биде супер за школото’’, вели 17-годишниот Акан Феим. ,,За нас тоа ќе биде можност да ги видиме нештата за кои учиме и да видиме како тие навистина прават разлика во однос на тоа што го прават нашите стари’’.

 

Пребарувај...

Loading

Огласи


Галерија

Корисни линкови